„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Полицијата денеска превентивно со вклучени сирени направи обиколка низ градовите и приградските места, од 21:00 часот полицциски час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-2-1

Синоќа Владата одлучи, од вечерва полициски час во земјава. Со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот. Полициските службеници ќе патролираат со обележани полициски возила со звучни и светлосни команди за предупредување на граѓаните.

— реклама —

Граѓаните и во текот на денов зачестено слушаа полициски сирени.

„Станува збор за превентивна мерка поради што полициските возила со вклучени сирени направија обиколка низ градот и приградските места. Од 21 часот кога почнува полицискиот час, полициските службеници ќе патролираат со вклучени ротациони светла на полициските возила“, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

— реклама —

Од МВР се категорични дека мерката на Владатаграѓаните мора да се почитува во целост. Дозвола за движење ќе може да имаат само однапред утврдени категории на граѓани, на кои работните обврски им го налагаат тоа. Дозволата за движење во наведениот период ќе ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во пишана и електронска форма и чија веродостојно ќе се потврдува преку баркод.

Лицата кои ќе ја прекршат одлуката на владата на ограничување на движењето ќе бидат спроведени во полициска станица и кон истате ќе се поднесат соодветни пријави.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања