Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Полицијата функционира на донации, а власта троши над 7 милиони евра за приватна фирма за храна иако МВР има кујни, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mvr-1

МВР не само што служи за заштита на криминалците од власта, туку и за милионски профити на фирми блиски од СДС. Како и во секоја институција, така и во МВР, СДС си наоѓа како да испумпува државни пари и истите да одат преку фирми кои тие ги поддржале, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Така во објектите на МВР иако има кујни, вработени и скапа нова опрема за приготвување на храна во износ од неколку стотици илјади евра, СДС услугите за исхрана на припадниците на МВР ги дава на приватна фирма.

— реклама —

7 милиони и 150 илјади евра народни пари ќе завршат во нечии џебови заради тоа што СДС во сака што е можно повеќе да профитира додека им се дрма власта.

— реклама —

За прв пат во историјата, полициските службеници сместени во објектот во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово да консумираат храна набавена од страна на приватна компанија.

Тоа што никого во истиов случај не го чуди е што даа компанија е основана токму со финансиска поддршка од владата на СДС.

— реклама —

Документите покажуваат дека договорот склучен помеѓу МВР на Оливер Спасовски и фирмата Индустри сервис, предвидува трошење на 7 милиони и 150 илјади евра за уште еден бонбона бизнис на власта во заминување.

— реклама —

И додека полицијата едвај има соодветна опрема за работа и функционира на донации, СДС ќе дава милиони евра за исхрана и покрај тоа што МВР има кујни, скапа опрема и вработени за истите кои сега можеби ќе завршат на улица.

СДС ни криза ги интересира, ни домаќинско работење, единствено ги интересира крадење на државните пари. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да му дојде крај на криминалното работење на СДС со државните институции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања