Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Полицијата ги растерува жените со солзавец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец стопираше собир по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња, јави агенцијата АФП. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.

— реклама —

Ваквата полициска интервенција дојде неочекувано, и покрај тоа што учесниците немале дозвола за одржување на собирот. Во текот на изминатите години властите дозволуваа одржување на маршеви за права на жените и против насилство од страна на мажите, дури и за време на вонредната состојба по обидот за пуч во 2016 година.

— реклама —
— реклама —

Протестот бил на плоштадот Таксим, а стотици припадници на полицијата на демонстрантите им го блокирале патот за маршот да не продолжи по главната авенија.

— реклама —

Најголемиот марш по повод Денот на женатавобичаено се одржува на најважната шопинг-улица во Истанбул. Оваа година, непосредно пред одржувањето на маршот, властите го забранија собирот на улицата Истиклал. Сепак, илјадници жени и покрај забраната се собраа за да протестираат за своите права и против насилство. Околината беше полна со полицајци, кои поставија барикади околу плоштадот Таксим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања