Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Полицијата го уапси синот на Ел Чапо, а вооружените членови на картелот го ослободија отворајќи жесток оган по улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
meksiko

Во северниот дел на Мексико дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел „Синалоа“, откако бил уапсен еден од лидерите на овој нарко картел Овидио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Тешко вооружените членови на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги присилиле да го ослободат Гузман Лопез, кој во САД е обвинет за трговија со наркотици, пренесоа британските медиуми.

— реклама —

Гузман Лопез е пронајден во текот на рутинска контрола во Кулијакан, додава Би-Би-Си. Министерот за внатрешни работи Алфонсо Дурази објасни дека патролата набрзо ја опколиле бројно поголема група вооружени лица од картелот и дека била донесена одлука силите за безбедност да се повлечат за да се заштитат нивните животи и да се избегне дополнително насилство.

Инаку Гузман Лопез е син на Ел Чапо, кој е осуден на доживотна затворска казна и во САД на дополнителни 30 години затвор заради трговија со дрога и перење пари.

— реклама —

фото: laJornada

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања