Полицијата гони извршителка од Штип која работела иако била суспендирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —

Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27.12.2018 до 31.12.2018 година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување.

— реклама —

Првиот пат при примање на Решение од 26.12.2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, таа на 27.12.2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства.

— реклама —

На 31.12.2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања