Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Полицијата на Спасовски не ги гони нарко-картелите, затоа се случуваат убиства во реалноста, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ubistvo

Власта на СДС и ДУИ дозволи нарко мафијата да владее по улиците. Структури во полицијата на Спасовски стана нивен заштитник. Акциите беа пробивани, а лицата кои евентуално беа откривани беа експресно ослободувани, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Последица на ваквиот раст на криминалот се убиствата како ова кое се случи завчера. Ваквите гангстерски пресметки на кланови станаа секојдневие.

— реклама —

Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Во држава во која мафијата е во коалиција со власта животот на секој човек е загрозен.

Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да си поднесе оставка? Неговите статистички гимнастики веќе не му поминуваат ниту во штабовите на СДС.

— реклама —

Едноставно е, ако полицијата не гони криминалци, на хартија криминалитетот ќе опаѓа, а во реалноста бандите ќе владеат со државата.

— реклама —

Беззаконието од времето на транзицијата се врати на голема врата. Прашањето е каква политичка или лична корист имаат функционерите од власта кои тоа го дозволуваат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања