Промени тема
Контакт

Полицијата обезбеди мир во институциите, честитам за дијалогот во Собранието, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826955305_3d3a744773_c

„Дозволете да упатам честитки за дијалогот и одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на европскиот пат на нашата држава“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Тој додава:

Во оваа прилика дозволете во свое име и во име на раководството на МВР да се заблагодарам и да оддадам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста и посветеноста во вршењето на своите професионални должности при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите.

— реклама —

Би сакал да истакнам дека севкупниот процес на дијалог и консултации помина во демократска атмосфера, со заштитено уставно загарантираното право на јавен собир (протест) на граѓаните. Но, не можам, а да не споменам дека во текот на овие протести, за жал, беа повредени 54 полициски службеници, од кои 11 потешко, а 2 со сериозни повреди и сето ова во период од 9 дена протестирање.

Притоа би потсетил и на фактот дека за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, а на мое огромно задоволство не е повреден ниту еден граѓанин.

— реклама —

Морам да истакнам дека не е добро ниту еден полициски службеник да биде повреден и затоа беше од огромна важност организаторите на протестите да се однесуваат одговорно. Токму затоа секојдневно апелиравме за практикување на мирен протест.

— реклама —

Посебна благодарност до граѓаните кои покажаа свесност и зрелост да разберат дека одговорноста е заедничка и не дозволија да потпаднат под нечии сценарија за остварување на политички цели.

МВР останува во служба на граѓаните!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 4 години

— реклама —
MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања