На 16.07.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 93 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 74 се упатени во станица за технички преглед. При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај две е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, четири имале неисправни светлосни уреди и две непродолжена регистрација.. Санкционирани се и 18 останати прекршоци.
На 16.07.2019 полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на техничката исправност на 43 автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, во Велес била утврдена неисправност на три возила од контролираните 21, во Кавадарци од контролираните 10 возила сите биле исправни и во Неготино контролирани биле 12 возила и ситe биле исправни. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни.
На 16.07.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во акцијата се контролирани 84 возила, од кои 45 се упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив се констатирани неправилности, поради кои возилата се исклучени од сообракај и се издадени шест прекршочни платни налози.