Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Полицијата приведе 19 возачи: 10 биле пијани, а осум без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library854ovto3khvkaTZCBIY

Полицијата во текот на изминатото деноноќие лишила од слобода 19 возачи на различни локации низ државата поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување возило“ според член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од вкупно 19-те лишени лица, 10 возеле под дејство на алкохол. Станува збор за М.Р. (24) од Скопско, Н.К. (23) од Демирхисарско, Х.Т. (20) од Битола, Ф.А. (24) од Куманово, С.И. (33) од Кумановско, З.Л. (49) од Свети Николе, Г.С. (45) од Делчево, Г.Ч. (48) од Кавадарци, К.Р. (26) од Кавадарци и З.Б.П. (34) од Велес.

— реклама —

Осум возачи управувале возило без положен возачки испит. Меѓу нив се С.В. (47) и М.Ј. (23), двајцата од Скопје, Б.И. (20) од село Драчевица, Скопско, Р.Т. (18) од Гевгелија, З.Х. (59) од село Локвени, Прилепско, А.Р. (34) од село Горна Речица, Тетовско, како и двајца 16-годишници од Гостиварско.

Дополнително, полицијата го лишила од слобода и И.Б. (39) од Скопје, кој управувал моторно возило иако имал активна забрана за управување.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 13 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 13 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања