Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Полицијата санкционираше 606 возачи на електрични тротинети, одземени 18 возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Во текот на август, полицијата спровела засилени сообраќајни контроли низ целата држава за прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила, при што биле евидентирани 606 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најголем број санкции, 162, биле изречени поради неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови. Следуваат 134 прекршоци поради некористење велосипедска или пешачка патека, 59 поради неносење заштитен шлем, 45 поради превезување две лица и 20 прекршоци за малолетници кои управувале електричен тротинет.

— реклама —

Во рамки на контролите биле одземени и 18 електрични тротинети, во времетраење од 30 дена.

Најмногу прекршоци биле констатирани на подрачјето на СВР Битола – 236, потоа СВР Скопје со 97, СВР Струмица со 82, СВР Охрид со 57, СВР Тетово со 27, СВР Велес со 18, СВР Штип со 13 и СВР Куманово со седум. Мобилната единица за безбедност во сообраќајот констатирала дополнителни 69 прекршоци.

— реклама —

За време на акциите биле утврдени и 3.665 други сообраќајни прекршоци. За сите случаи биле преземени соодветни мерки и изречени санкции согласно законските прописи.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на правилата и прописите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 20 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 20 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања