Полицијата со која раководи Чулев уапси поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-3

Утрово е уапсен поддржувачот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Јандриоски од страна на десет полициски службеници кои дошле со четири возила, го изнеле од двор и го однеле во станица. За ова на социјалните мрежи објави ќерката на Јандриоски, прашувајќи „До кога вака бе?“.

— реклама —

Во статусот не пишува дека имало причина за апсењето на Јандриоски, особено што, тој бил однесен од неговиот двор. Останува нејасно зошто полицијата со која раководи министерот Наќе Чулев, поставен по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, приведува партиски поддржувачи од истата партија.

https://www.facebook.com/KrisKiko/posts/10219041405643558

— реклама —

По ова, партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на социјалните мрежи пишува дека Јандриоски бил уапсен затоа што бил на гроб кај неговата мајка. „Тоа што партиската полиција ви апси наши членови зашто биле на гроб кај мајка си, нема да ви го испере срамот што не знаете кај терате и секој ден има нов пик. Кристијан Јандриоски ќе го издржиме сѐ ова уште малце брат“, пишува Аросвски на Фејсбук, кој истовремено, порача:

https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/posts/10222869179419040

„Да бевме нормална држава денеска Венко Филипче наместо да чита новозаразени, ќе си ја прочиташе оставката. Ама ‘пошто’ не сме нормална држава, не се чудете денес ако има и над 200. Им се руши сѐ како кула од карти“.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања