Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Полицијата со планови за одржување на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 минути -

Македонија
media-library68bfao0plfkd9cekLDX

Полицијата подготви посебни планови и мерки за безбедно одбележување на Денот на албанското знаме на повеќе локации низ Македонија. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ и секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Тетово.

— реклама —

На состанокот биле разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните безбедносни мерки за време на празничните прослави.

— реклама —

Јанев порача дека полицијата ќе постапува професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон незаконското и насилното однесување. Тој нагласи дека обврска на полицијата е да ја гарантира безбедноста на сите граѓани, да ги штити нивните права и имотот и да го одржува јавниот ред и мир.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи упатија апел празникот да се одбележи достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите.

— реклама —
media-librarydto2hmhgp2ascVJ3uHs

Лани имаше инциденти и пријави кога се славеше албанското знаме, за годинава Тошковски најави: Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и безбедноста!

Во пресрет на 28 Ноември, Денот на албанското знаме, на повеќе фејсбук-страници почнаа да се споделуваат видеоснимки на кои се гледаат колони возила со развеани албански знамиња низ улиците и булеварите во Скопје.На една од снимките се забележува и полициско возило кое се движи зад колоната. Засега не е потврдено кога и на која локација е направена конкретната снимка.Објавите предизвикуваат реакции на социјалните мрежи, особено поради тоа што на дел од снимките, покрај албанските знамиња, не се

Македонија | пред 4 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања