Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Полицијата спречила обид за напад врз фински министер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
finska

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж” врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

— реклама —

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.

— реклама —

„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.

— реклама —

Мажот, кој бил онеспособен од полицајците, бил облечен во црна кошула со натпис „Војници на Один“, но нема информации дали бил вооружен.

„Војници на Один“ е десничарска организација позната по своите антимигрантски ставови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања