Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Полицијата упадна во магацинот каде невладина организација пакува продукти од Заеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Pomos-1

Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител, објави МИА.

Полицијата и денеска е пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.

— реклама —

Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврдил за упадот на полицијата и најавил прес конференција, на која ќе соопштат повеќе детали.

— реклама —

Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.

— реклама —

Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.

извор: МИА

фото: А1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања