Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полициска акција: Седум малолетници пиеле алкохол во скопски локал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Скопје
media-library195s2ndksa05bMiqfWn

Засилени полициски контроли во централното подрачје на Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември резултирале со откривање на повеќе сообраќајни и други прекршоци, како и приведување на повеќе лица.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролите ги спровеле полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во периодот од 22 до 7 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат.

— реклама —

Биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дванаесет лица биле лишени од слобода по член 215 од Кривичниот законик, едно поради безобѕирно управување со моторно возило, а три по член 204. Дополнително, пет лица биле приведени поради прекршоци против јавниот ред и мир.

Контроли биле извршени и во угостителски објекти. Во еден од нив биле затекнати седум малолетници кои консумирале алкохол, а во друг случај било утврдено дека трафика продавала алкохолни пијалаци на малолетници. Во координација со Државниот пазарен инспекторат биле преземени мерки за санкционирање.

— реклама —

Во рамки на акцијата, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле контрола и на техно-забава организирана во подземниот паркинг на улицата „Кресненско востание“. Биле легитимирани 65 лица и прегледани 13 возила, а едно лице било лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека за сите утврдени прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе следуваат санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysmr1svr9ejitf79NsJK

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице со сериозни повреди

Скопје | пред 1 час

— реклама —
media-libraryhuej1sbo2s1v1Hj2Mjr

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, МВР да ги провери снимките

Скопје | пред 5 часа

media-libraryoe4i81c7vgccd7ThG1M

Скопје е домаќин на светски шампиони и европски медалисти на „Златен гонг“

Спорт | пред 1 ден

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања