Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полициски службеници пуштиле на слобода затвореник бидејќи немало место во затворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-49-4380PM

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава за кривично дело ,,неизвршување на судска одлука“ по член 377 од КЗ против Т.Л., И.Д. и Р.Т., полициски службеници од ПС ОН Битола во СВР Битола.

— реклама —

На 02/03.06.2024 прво и второ пријавениот не постапиле по писмена наредба на Основен суд Кичево за спроведување на осудено лице во казнено поправна установа заради извршување на санкција утврдена со правосилна пресуда, заради издржување на казна затвор во времетраење од една година. Имено, откако претходно бил пронајден и лишен од слобода, осудениот А.А. од Кичево, од страна на прво и второ пријавениот бил спроведен до КПУ Затвор Битола, а откако од страна на вработен во затворот осудениот наводно не бил примен поради немање на слободни места во затворската установа, прво и второ пријавениот, без да изготват било каква службена документација, го пуштиле осуденото лице на слобода без одобрение на судот, кој ја издал писмената наредба. Наведеното го извршиле со претходно одобрение на третопријавениот во својство на одговорен, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во ПС ОН Битола заради понатамошна постапка спротивно на член 15 од Правилникот за вршење на полициските работи во МВР.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Т.Л., И.Д., и Р.Т. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања