Полициски службеник „падна“ со 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
plata-evra

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на службени простории и лице, вчера единиците на МВР приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп.

— реклама —

При претресот е пронајдена – кримтехнички обработена банкнота од 50 евра, како и други парични средства и документација од други лица.

— реклама —

Осомничениот, вработен во Отсек за странци и реадмисија, на 16.1.2025 година во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова. Притоа без да изврши проверки за претходно изгубениот пријавен пасош и да ги запази работните процедури ѝ дал уплатница за да уплати за издавање на нов. Откако го уплатила износот, оштетената се вратила во просториите на Одделот за управни работи и на осомничениот му ја предала уплатницата прашувајќи го за временскиот рок на постапката за издавање.

— реклама —

Осомничениот одговорил дека се чека од 6-12 месеци, на што оштетената негодувала, а осомничениот со гестикулации протривајќи ги прстите ѝ покажал дека треба да плати 50 евра за услугата велејќи „знаете дека ние не се трудиме џабе”. Оштетената кажала дека нема пари во себе и ако не е проблем да ја почека да земе, а ако не стаса во текот на денот, да му ги предаде наредниот ден, на што осомничениот се согласил и рекол дека ќе ја чека за да ја заврши работата.

По излегување од зградата, оштетената свесна дека тоа што осомничениот ѝ побарал пари без да ги уплати на сметка за побрзо да ја добие патната исправа е кривично дело, случајот го пријавила во полициска станица. Во текот на вчерашниот ден му ја предала кримтехнички обработената банкнота на осомничениот која беше пронајдена при претресот.

Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот, а на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи со решение на осомничениот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања