Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Полициски службеник надвор од работно време пукал во воздух со службениот пиштол пред угостителски објект и на плоштад во Кратово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Полициски службеник се соочува со кривична пријава за предизвикување општа опасност, откако во два наврати испукал повеќе куршуми во воздух со службениот пиштол во Кратово, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово против М.Н., поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ според член 288 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите од МВР, пријавениот е вработен во Одделот за специјални полициски операции. На 1 август 2026 година, надвор од работното време, тој во два наврати испукал повеќе куршуми во воздух со службениот пиштол што го задолжил. Првиот инцидент се случил пред угостителски објект, а вториот на плоштадот во Кратово.

— реклама —

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека на полицискиот службеник ќе му биде изречена мерка отстранување од работното место, односно суспензија, до завршувањето на дисциплинската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Македонија | пред 1 час

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возач на камион тешко повреден откако удрил во метална ограда на експресниот пат Прилеп – Градско

Македонија | пред 2 часа

tabanovce

Скопјанец приведен на Табановце со фалсификувана словенечка возачка дозвола

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања