„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Полициското досие на Васил Јованов: Дрога, насилство, сообраќајни прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot_20250130_223144_Instagram-1

Возачот Васил Јованов, на 20-години, има полициско досие со повеќе дела. Од дрога до насилство, но и сообраќајни прекршоци. Сето ова е заведено од полицајците кои постапувале по предмети во кој Јованов се јавува какопрекршител на законот. Од МВР за „Скопје1“ велат дека во изминатите неколку години, возачот кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова се јавува како учесник во неколку кривично-правни настани.

— реклама —

„Кривично-правните настани се поврзани со недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир-насилство и како сторител на повеќе сообраќајни прекршоци. Од страна на Министерството за внатрешни работи соодветно е постапувано и за истото се поднесени соодветни поднесоци и платни налози“, велат од МВР за „Скопје1“.

Кривичен суд пак, посочува дека Јованов имал чисто досие.

— реклама —

„Обвинетиот В.Ј. е млада личност, роден на ... година во С., со адреса на живеење на ...... бр..... С., со завршено средно образование, студент на А.К., Македонец, државјанин на РСМ, неосудуван, не се водат постапки за други кривични дела.... Обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела“, стои во пресудата каде тој е осуден за дрогата.

Ова не му е прва сообраќајка на Васил, според сознанијата на „Лидер“. Тој имал несреќа и кога имал 16 години, во која повредил девојка. Но таа се откажала од гонење, па тој поминал само со прекршочна казна.

На суд стигнал само поради поседувањето на дрога, која ја имал пакувано во помали пакувања. Полицијата и Обвинителството утврдиле и го гонеле, дека му била за продажба. Судот му изрекол воспитна мерка, но не и затвор.

Сега, Јованов е во притвор. Веќе објавивме дека тој и неговиот адвокат се противеле на оваа мерка за обезбедување на присуство, но не го убедиле судот. Ова не е првпат тој да престојува во ќелија во Шутка. Тој минатата година таму поминал три месеци, а бил пуштен по изрекувањето на пресудата од Кривичен суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања