Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Политичка пресметка околу воздухот: се караат што кажал Заев, а што Мицкоски и дали „ајро, ајро“ ќе го исчистел воздухот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
odnosi

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, намерно злоупотребува стара изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со квалитетот на воздухот, со цел политички поени и дефокусирање на јавноста.

Од партијата оценуваат дека станува збор за, како што велат, „уште една фабрикувана лага“, слична на, според нив, претходните тврдења за „мигранти и ширење страв“.

— реклама —

„Не знаеме зошто СДСМ не ги користи изјавите на нивниот поранешен лидер Зоран Заев, во кои ветуваше дека ‘ајро ајро’ ќе го исчисти воздухот и дека ќе донесе живот и чист воздух за сите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува и дека реакциите на СДСМ се, како што велат, „павлов рефлекс од штабот на Бихаќка“, додавајќи дека опозициската партија користи однапред подготвени пораки.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе потсетат на, како што ја нарекоа, „изјавата на векот“ на поранешниот премиер Зоран Заев, поврзана со загадувањето и квалитетот на воздухот.

Претходно, од СДСМ соопштија дека Скопје е втор најзагаден град во Европа, оценувајќи дека граѓаните секојдневно дишат токсичен воздух опасен по здравјето.

— реклама —

Според опозициската партија, Владата не презема соодветни мерки за справување со загадувањето, туку, како што тврдат, фокусот е ставен на сомнителни јавни набавки и тендери.

„Додека нема пари за политики за чист воздух, има пари за стотици тендери за исти фирми и милионски договори“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски ги доведува во заблуда граѓаните со споредби дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена.

— реклама —

Во реакцијата, СДСМ оценува дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата на јавноста и дека токму поради тоа била донесена, како што велат, противуставна Резолуција.

„Што е следно – забрана да се зборува за загадениот воздух затоа што власта тврди дека тој е чист?“, прашуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 11 час

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања