Промени тема
Контакт

Политичка претстава без смисла, СДСМ е меѓу минатото и стечајот, вели Куновска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library8mqvc1lsgqgp0iJDfUN

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, со остар и ироничен тон го оцени вчерашниот Конгрес на партијата, посочувајќи дека наместо политички настан, јавноста сведочела на уште една лошо режирана и повеќепати повторена претстава. Според неа, Конгресот наликувал на театар на апсурдот, со полна сцена, но без содржина, без визија и без јасна политичка порака.

Куновска оценува дека настапот на лидерот на партијата повеќе личел на монолог отколку на автентичен политички говор, составен од механички елементи и носталгични еха од минатото. Таа прави паралела со говорот на Бранко Црвенковски од 2009 година, наведувајќи дека денешната верзија била без емоција, без убедливост и без политичка тежина, како бледо дигитално пресликување на одамна потрошена порака.

Во својата анализа, таа наведува дека атмосферата на Конгресот била дополнително режирана преку однапред подготвени настапи и „спонтани“ говори, чија улога била да создадат привид на ентузијазам и единство. Според Куновска, тоа бил хор без сопствен глас, инструментализиран за аплауз по сигнал и поддршка по команда, без вистинска дебата и без соочување со реалноста.

— реклама —

Како врв на апсурдот, таа го посочува моментот во кој раководството на партијата ги обвини внатрепартиските критичари за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, иако, како што наведува, токму во минатото постоеле тајни политички калкулации и идеи за широка коалиција со истата таа партија. Според Куновска, ваквите обвинувања биле изговорени без чувство на одговорност и без политички усул.

Епилогот на Конгресот, според неа, бил очекуван и разочарувачки. Наместо катарза и пресврт, партијата добила уште една реприза на истата агонија, со продлабочување на поделбите и нивно институционализирање. Таа смета дека највисокиот партиски орган, наместо да биде почеток на обновување, послужил како алатка за продолжување на политичкиот застој и одржување на состојбата на, како што вели, политички стечај.

Куновска се осврнува и на најавите за наводен „голем бунт“ и појава на нови авторитети, оценувајќи ги како мит и илузија. Според неа, станува збор за истите структури кои со години биле дел од центарот на моќта и не можат да бидат носители на суштинска промена каква што му е потребна на СДСМ.

— реклама —

Најголемата трагедија, според нејзината оценка, ја носат искрените и добронамерни членови на партијата, кои остануваат заложници на сценарио во кое СДСМ мора да биде политички парализиран, сè додека не се одиграат клучни заднински процеси поврзани со законски измени и лични интереси на поранешни функционери.

На крајот, Куновска предупредува дека по завршувањето на оваа политичка претстава, седиштето на партијата ќе остане како празна сала по завршен театарски чин – без публика, без енергија и без реална политичка функција. Таа додава дека одговорноста за ваквата состојба не е еднострана, посочувајќи дека и одредени структури во ВМРО-ДПМНЕ, преку тивка поддршка од сенка, имаат удел во одржувањето на ова сценарио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys5krkpvevill0XD4AaW

(Видео) Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ направи пустош во земјоделството, пчеларството пред колапс

Македонија | пред 7 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: „Дизелот поскапува за 6 денари, граѓаните повторно плаќаат за неспособноста на власта“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар“, велат од СДСМ

Македонија | пред 14 часа

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања