Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Половина месец нема реакција за аферата Броило од ЈО и ДКСК, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dksk_0_0

Половина месец нема реакција за аферата Броило од ЈО и ДКСК, како додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Невидено е ЈО и ДКСК да немаат институционален одговор повеќе од половина месец на голем број изнесени факти за судир на интереси и тргување со влијание во аферата Броило. Во центарот на таа афера и соларниот картел е дезертерот Ковачевски, а свртени се над 26 милиони евра.

— реклама —

ДКСК во обид предвремено да го амнестира Ковачевски, кажа дека нема судир на интереси во аферата Броило, и уште повеќе се заглави, бидејќи и самиот Ковачевски призна дека додека е заменик министер за финансии се префрлани пари на Пиксел груп, фирма која е основана од него. ВМРО-ДПМНЕ потоа поднесе претставка до ДКСК за аферата Броило, но од таму молк.

Не реагира ниту ЈО, иако има сознанија и факти во медиумите дека фирма основана од премиерот, е вмешана во афера тешка над 26 милиони евра. Пиксел груп е фирмата која за една година откако е формирана гради фабрика за фотовилатици, а 8 месеци откако Ковачевски станува премиер влегува во инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово заедно со новоформирана бугарска фирма.

— реклама —

Подемот и успехот на Пиксел груп се врзани со времето додека СДС е власт во Македонија. А во истиот тој период КМГ ЕОЛ Квазар сопственост на кумот на Ковачевски добива 2 милиони евра државни тендери и склучува договор со ЕВН тежок над 2 милиони евра. Аферата Броило го извади на површина соларниот картел околу Ковачевски.

— реклама —

И институциите мора да отворат постапки. А не предвреме да го амнестираат, за потоа да бидат демантирани од самиот Ковачевски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања