Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Помалку родени, повеќе починати: Македонија со негативен природен прираст и во третото тримесечје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Македонија
media-library3vpfth01mcl61IhxLif
Photo by Fé Ngô on Unsplash

Бројот на починати повторно е поголем од бројот на новороденчиња во Македонија. Во третото тримесечје од 2026 година се регистрирани 647 повеќе умрени отколку живородени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

— реклама —

Во периодот од јули до септември биле родени 4.160 деца, што е намалување за 4,8 проценти во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, починале 4.807 лица, што претставува зголемување од 0,1 процент. Меѓу починатите има и 19 доенчиња.

— реклама —
— реклама —

Статистиката бележи и 3.524 склучени бракови, односно 0,5 проценти повеќе отколку во третото тримесечје од 2025 година. Во истиот период се регистрирани и 397 разводи.

— реклама —

Негативниот природен прираст продолжува да биде еден од показателите за неповолните демографски движења во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања