Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Помалку трошоци повеќе за тебе - Мерка за намалени цени за училишен прибор и заштита на стандардот, велат од Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6426

,,Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните.

На големо, маржата e ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

— реклама —

Нема екстра заработка на грбот на граѓаните.

— реклама —

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.

— реклама —

Со оваа одлука има помалку трошоци, а останува повеќе за сите.

На овој начин се штити и стандардот на граѓаните и станува подостапен училишниот прибор.

Меѓудругото оваа учебна година беа обезбедени, за прв пат по 7 години, навремено бесплатни учебници за сите ученици.

Владата и во иднина ќе спроведува мерки за намалени маржи за трговците кои сакаат да имаат екстра заработка нарушувајќи го стандардот на граѓаните.”, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања