„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Помислив дека ќе кажете оти за малку ќе сте се оженеле со Албанка, му вели Зекири на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski_zekiri

Албанците многу добро знаат како се борите за нив, му порача потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако Мицкоски на МТВ 2 говореше дека актуелната влада не ги реализирала ветените проекти кон Албанците.

— реклама —

„Не забораваат Албанците со каква хистерија ја наметнавте темата и говоревте за т.н. „Тиранска платформа“. Да не заборавиме како реагиравте на Законот за јазиците. И многу други случаи кога на дело докажавте колку се „грижите“ за Албанците во нашата земја, Република Северна Македонија. Вашиве зборови ме трогнаа длабоко кога кажувате колку се грижите за Албанците. Дури помислив во еден момент дека – во стилот на Гордана Силјановска – ќе кажете дека за малку ќе сте се оженеле со Албанка“, напиша Зекири на фејсбук.

Инаку, лидерот на ДПМНЕ праша до каде се проектите што ги вети Зоран Заев кои, како што рече, требаше да им го направат животот на Албанците подобар?

— реклама —

-До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми – изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања