Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Помогнете ми, помогнете ми“: Ѓоковиќ откри детали од најтешкиот период во детството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryi8v4565g05ik9GhE7S8

Новак Ѓоковиќ во документарецот „The Wolf in Winter“ зборува за тешките моменти од детството и за периодот на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

— реклама —

Тој се присети на една од првите ноќи кога со семејството морале да трчаат кон друга зграда бидејќи нивниот објект немал засолниште.

„Беше два-три часот наутро, темно, а луѓето трчаа насекаде, во паника. Се сопнав и паднав. Го видов семејството како трча на околу 15 метри од мене. Се обидував да викнам: ‘Помогнете ми, помогнете ми’, но не ме слушнаа“, раскажал Ѓоковиќ.

— реклама —

Како што вели, во тој момент погледнал кон зградата и видел авион кој фрлил две бомби во близина на болница.

— реклама —

По завршувањето на бомбардирањето, семејството се преселило во Минхен, каде што продолжил да се развива како тенисер. Тој раскажува дека финансиските услови биле исклучително тешки, а семејството морало да позајмува пари за да ги покрие трошоците поврзани со неговата кариера.

„На 13 години морав на некој начин да бидам родител. Повеќе не можев да ги покажувам чувствата. А бев дете“, се присетил Ѓоковиќ.

Премиерата на документарецот „The Wolf in Winter“ е закажана за 20 август.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 3 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања