Помпео се сретна со кралот Салман во Ријад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Расте притисокот врз Саудиска Арабија, за да објасни што се случило со новинарот Џамал Кашоги, поради што во посета на земјата е и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

— реклама —

Државниот секретар на САД и кралот Салман се сретнаа во Ријад. Стејт департментот соопшти дека Помпео му се заблагодарил на кралот за неговата посветеност за целосна и транспарентна истрага за случајот со исчезнувањето на Кашоги. Американскиот претседател претходно изјави дека во телефонски разговор, кралот Салман вчера негирал дека има било какви информации што му се случило на саудискиот државјанин.

— реклама —

— реклама —

Кашоги последен пат беше виден пред две недели во саудискиот конзулат во Истанбул. Турските власти веруваат дека тој е убиен од страна на саудиски агенти, но Саудијците остро ги негираат таквите тврдења.

Во меѓувреме, американските медиуми објавија дека Саудијците наводно се подготвуваат да признаат дека Кашоги починал поради погрешно испрашување. Ноќеска, турската полиција влезе за прв пат во саудискиот конзулат, за да спроведе истрага за случајот со исчезнатиот новинар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања