Понеделник се отвораат хотелите, а базените само за членови на пливачките клубови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
laki

На денешната седница Владата донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

— реклама —

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19.

Владата денеска го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во Република Северна Македонија, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања