Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пониски патарини за моторџиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
foto1

„Мотоциклистичката Федерација на Македонија изјавува јавна благодарност до ЈП Државни патишта за измена на висината за наплата на надоместок за патарина за мотоциклите, при што мотоциклите се во посебна категоризација со помал надоместок

— реклама —
— реклама —

Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од Европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме.

— реклама —
— реклама —

Воедно ве информираме дека ние како Мотоциклистичка Федерација на Македонија продолжуваме во континуитет да работиме на подобрување на состојбите во мотоциклизмот , особено на полето на безбедноста во сообраќајот и интензивно работиме на доближување па се до целосно имплементирање на Европските норми кога е во прашање мотоциклизмот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања