Промени тема
За нас
Ова видео покажува како функционира политиката кај нас.
Ова видео покажува како функционира политиката кај нас.

Поништена одлуката за разрешување на директорите на центрите за социјална заштита во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
22012020_VRSM_4_Vladina_Sednica1

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 4-та седница донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи - меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

— реклама —

Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа“.

Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика.

— реклама —

Техничката министерка, спротивно на законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба) ги донела решенијата за разрешување и решенијата за именување на други вршители на должност директори во јавните установи меѓуопштински центри за социјална работа, се вели во соопштението од Владата.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања