Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поплавени над 20 куќи во Сарај поради пукната цевка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
defekt-voda

Преку единствен број за итни случаи Е-112 во ЦУК е добиена дојава од лица вработено во Општина Сарај дека во с.Буковиќ има пукнато цевка од којашто истекува големо количество вода при што има поплавено околу 20-30 куќи и улиците се целосно под вода.

— реклама —

Од страна на општината се ангажирани пумпи за испумпување на вода, но потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец како не би дошло до поплавување на други куќи, а и за откривање на дефектот од каде што истекува водата за да може да се интервенира на истиот.

— реклама —

За настанатата состојба известени се БППЗ на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација, Дирекција за заштита и спасување и МВР. Од ЈП Водовод и канализација известиле до ЦУК дека се излезени на терен за да се утврди за каква цевка се работи и интервенираат во санирање на штетите.

— реклама —

БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и пумпи за испумпување на вода се отидени во с.Буковиќ се со цел да се санираат штетите. Според последните информации водата од цевката е престаната да тече и се работи на испумпување на водата од улиците и куќите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања