Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поплави и наноси од кал во Непроштено и Теарце, службите на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
viber_image_2023-07-05_22-50-36-972

Околу 19:30 часот, тетовскиот регион го зафати силно невреме пропратено со силен дожд и ветер.

— реклама —

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, добиле повеќе дојави за поплавени подруми на куќи во градот, а имало и поголема поплава во селата Непроштено и Теарце каде што од силниот дожд имаше наноси од кал и песок по улиците. За оваа ситуација известени се ЈКП-Тетово, ТППЕ-Тетово, лицето за контакт од Општина Тетово и Општина Теарце и Раководител на РЦУК Тетово.

— реклама —

Најголеми штети се предизвикани во селата Теарце и Непроштено каде што имаше поголем доток на вода од планината. Имаше наноси од кал и песок. Во Теарце на терен се ТППЕ Тетово со 2ПП возила и 4 пожарникари и еден приватен багер кој чисти од наносите по улиците. Од општината се организираат и ќе излезат на терен. На терен се припадници на ДЗС и ЦУК. Еден багер има и во селото Непроштено што расчистува кај Непроштенска Река каде што има, исто така, наноси од кал и од песок и има поплавено и подруми во неколку куќи. Низ градот Тетово од страна на ТППЕ Тетово со 2 ПП возила работаат на отстранување санирање на состојбата каде има потреба.

— реклама —

Во моментов има дојава поплава и во село Требош (Општина Желино). Преку лицето за соработка од општината за настанатата состојба известени се ЈКП Тетово за настанатата состојба во селото Требош.

— реклама —

Во моментов дождот е престанат и состојбата полека се нормализира. Ситуацијата и понатаму се следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања