„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поплави во Бразил: Ветени се милијарди за обнова, се заканува и нов дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1900423rusls

Бразилската влада вети дека ќе одвои околу девет милијарди евра за обнова на државата Рио Гранде до Сул, регион опустошен од невидени смртоносни поплави и под закана од нови дождови.

— реклама —

Најмалку 107 лица загинаа, 754 се повредени и 134 се водат како исчезнати по поројните дождови што го зафатија јужниот регион цела минатата недела, според извештајот на Цивилната заштита објавен во четвртокот вечерта.

Околу 1,7 милиони луѓе се погодени, а повеќе од 327.000 се евакуирани поради природната катастрофа што експертите и владата ја поврзуваат со климатските промени. Додека спасувачките тимови се уште се борат да ги спасат жителите и животните заробени во водата, шефот на државата Луис Инасио Лула да Силва претседаваше со состанокот во Бразилија на кој се разговараше за одговорите на трагедијата.

— реклама —

„Федералната влада одлучи да внесе ресурси од околу 50 милијарди реали (околу девет милијарди евра) во Рио Гранде до Сул“, објави министерот за финансии Фернандо Хадад.

Овие поплави го зафатија главниот град на државата Порто Алегре и неговите 1,4 милиони жители, но и повеќе од 400 места во регионот. Оштетени или уништени се околу 60.000 домови. Спасувачките екипи во четвртокот ја продолжија потрагата по луѓе кои се заробени во своите домови или не сакаат да си заминат од страв дека ќе бидат ограбени.

Друга огромна задача за локалните власти е да ја зајакнат логистиката за да се забрза дистрибуцијата на основните добра за жртвите од катастрофата, со прогноза за повеќе дождови од петок.

„Фокусот секогаш е на спасувањето, но ние работиме многу интензивно на испораката на хуманитарна помош“, рече портпаролката на Цивилната заштита Сабрина Рибас.

Тие напори се очекува „донекаде“ да бидат отежнати во наредните денови, со оглед на прогнозата за обилни врнежи од петок, предупреди таа.

Поплавите предизвикаа проблеми и во државните затвори, кои повикаа на помош откако останаа без вода за пиење, а во затворот Чаркеадас, група затвореници мораа да бидат преместени на горните катови.

Гестови на солидарност дојдоа и од странство. Папата Франциско испрати 100.000 евра за помош за згрижување на евакуираните, пишува веб-страницата Vatican News, а Илон Маск на својата мрежа „Х“ објави дека неговата компанија Старлинк ќе донира илјада интернет терминали на спасувачките тимови. „Се надевам на најдоброто за бразилскиот народ“, додаде милијардерот, неодамна вовлечен во конфликт со бразилското правосудство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања