„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Попоски: 2018 беше најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
klime-osiguruvanje

Состојбите во осигурителниот сектор во 2018 година Минатата 2018 година претставуваше најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја во последните десет години. Осигурителниот сектор забележи раст во однос на сите сегменти на неговото функционирање: бруто полисираната премија (БПП), број на продадени договори за осигурување, поголема исплата на штети, пораст на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата, како и поголема профитабилност на друштвата за осигурување. Заклучно со 31.12.2018 година на пазарот на осигурување во Република Македонија активно работат 16 друштва за осигурување, истакна Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски.

— реклама —

Тој додаде дека во делот на неживотно осигурување бројот на пазарните субјекти е 11, додека во делот осигурување на живот бројот на субјекти е 5. Во доменот на посредувањето, осигурително брокерски работат вршат 35 осигурително брокерски друштва, што е намалување во споредба со 2017 година поради престанокот на работа на едно друштво (2017: 36), а работи на застапување во осигурување вршат 11 друштва за застапување (2017: 11). Во доменот на банките кои имаат дозвола за вршење на работи на застапување во осигурување функционираат 5 банки, што претставува зголемен број за 2 банки на пазарот во однос на претходната година. Исто така, на пазарот на осигурување делуваат и 556 лиценцирани брокери и 1.250 лиценцирани застапници во осигурување, вели Попоски.

Според првиот човек на Агенцијата за супервизија за осигурувањето пораст се забележува и кај бројот на склучени договори. Најголем пораст се забележува кај осигурување на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206%, додека кај правните лица од 33%. Трето по големина неживотно осигурување претставува доброволното осигурувањето на патнички возила (каско) кое учествува со 8,03% во вкупната БПП.

— реклама —

Осигурителниот пазар минатата година, како што посочија Попоски и претседателот на Здружението за осигурување при Стопанската комора на Република Македонија Ѓорѓе Војновиќ има раст на приходите од 10,4 отсто.

Забележителен раст има кај бруто полисираната премија кај земјоделското осигурување од 65,98 проценти и изнесува 261,02 милиони денари. Растот кај осигурувањето на посевите и плодовите кај индивидуалните земјоделци е 59,05 проценти, додека кај правните земјоделски стопанства 46,30 отсто. Најголем раст, како што рече Попоски, е забележан кај осигурувањето на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206 отсто, додека кај правните лица од 33 отсто.

На земјоделците им порача дека може да се дојде до намалување на цената на осигурувањето доколку тие преземат превентивни мерки и притоа ги намалат ризиците.

Раст имаме и кај осигурувањето живот од 29,57 отсто, со склучени 22.264 договори.

Она што очекуваат во 2019 година е нов закон за осигурување што е усогласување со ЕУ и воведување повисоки стандарди, како и окрупнување, што веќе се случува.

-Едно преземање има на осигурителна компанија од страна на Халк банка. Во тек се разговори за преземање на уште една осигурителна компанија, а има интерес и од странски инвеститор, рече Попоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања