Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Попоски: Да се воведе еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
darko-poposki111

За да бидеме дел од Европа или како што властите милуваат да кажат Европа да ја донесеме овде, мора да почнеме да функционираме европски.

— реклама —

Од македонската метропола за да стигнете до Охрид ви требаат повеќе од два часа. Притоа се вози само 170 килиметри. Освен што амортизерите на автомобилот ќе ви попуштат од дупките на секој метар, се губи време и во чекање на наплатни рампи, истакна Дарко Попоски, портапарол на ГДУ.

— реклама —

Само во Македонија на секои 20 до 30 километри се инсталирани наплатни пунктови за патарина, каде во утринските и попладневните часови постојано има гужви. Притоа да не заборавиме дека има во оваа држава и такви на кои наплатните рампи им се креваат без да платат. Многумина биле сведоци на такви ситуации кога некој вози џип или автомобил кој

— реклама —

чини колку еден стан, а не плаќа 30 или 40 денари за патарина.

— реклама —

За да се спречат ваквите злоупотреби и да се избегнат гужвите,  ГДУ предлага воведување на еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување.  Да се воведат месечни, неделни или годишни претплати со налепници.

Ваков систем функционира во Швајцарија, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија. Во Европа има различни начини на плаќање на автопатиштата, но никаде не функционира како кај нас.

Нашиот став е јасен, само со европски мерки сме поблиску до Европа! И ние нема да отстапиме од тоа, истакна Дарко Попоски, портапарол на ГДУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања