Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Попоски: Добронамерно им сугерираме на сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од непримерни квалификации и неодмерени „ветувања“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
darko-poposki

Видовме билборди кои беа запалени. Видовме и расфрлани флаери по влезовите на зградите. И во едниот и во другиот случај, заеднички именител на содржината која „предизборно“ ни се нуди е - Кои се поголеми крадци? Тоа е сѐ засега. Тоа го нарекуваат „натпревар на идеи, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

За влијанието кај јавноста можеби и не сме сигурни, но, еве, барем нас во Граѓанско Демократската Унија не уверија - Да, ви веруваме дека сте крадци, разликите лежат во нијансите! Ова треба да биде начинот на комуникација до денот на изборите?

— реклама —

Добронамерно им сугерираме на сите учесници во изборниот процес, да се воздржат од непримерни квалификации и неодмерени „ветувања“. Јавноста заслужува многу повеќе од досега покажаното поведение од сите нас како политички субјекти.

— реклама —

Сите кандидати за пратеници се натпреваруваат да бидат идни членови на Законодавниот дом на Република Македонија. Довербата кај јавноста се  гради и сега, независно од изборниот резултат, таа доверба влијае во општата оценка на сите учесници дека одговорно и посветено ќе работат во

— реклама —

најдобар интерес за земјата и нејзините граѓани.

Почитувани, да покажеме дека ја заслужуваме таа доверба, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања