Попоски: Иницијативата на Мијалков нема да даде резултат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikola-poposki

Не успеавме да ги убедиме гласачите дека можеме подобро од Власта на домашните теми. Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи во последната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, кој спротивно од заклучоците на партиските тела, по изборите напиша дека партијата е поразена и не е победник на изборите, во интервју за Прес24 вели дека е можно и во иднина партијата да бележи поразни, наместо победи.

— реклама —

-Проценка од 2017 беше дека против ваква власт, опозиција лесно ќе победува. Од оние гласачи кои не ни дадоа доверба, повеќето мислам дека не ги убедивме дека можеме подобро на домашните теми, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.

Иако поврзуван со групацијата на Сашо Мијалоков, сепак Попоски смета дека иницијативата за вонреден Конгрес нема да даде резултат.

— реклама —

-Реално не сум експерт, но од тоа што видов, статутот не дава самоиницијативност. Можеби е така токму за да може да се тера вака до 101 година и назад. И да си губиме. Можеби токму такви финти ги иритираат добар дел од членовите. Можеби не е логично Конгрес, како врвен орган на партија, да е де факто врзан во трло. Некој ќе рече, целта ги оправдува средствата. Можеби сум само кусоглед, но не гледам како тоа ќе не доведе на арно. Јас не сум доволно убеден дека е тоа во интерес на членовите и земјата, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.

Тој додава дека планира да остане активен во политиката .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања