Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Попоски најавува моќен циклон: Во Македонија се очекуваaт обилни дождови!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

„Целиот балкански полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во следниот период ќе биде под влијание на моќен Џеновски циклон и на влажни воздушни бранови, но и под силно јужно и југозападно воздушно струење кое и понатаму ќе ни носи натпросечно високи температури на воздухот“, алармира метеологот, Славчо Попоски и додава:

„Во голем дел од регионот се очекува олуен јужен ветер кој би можел да направи и штети, а поради очекуваните обилни дождови се можни и локални поројни поплави.

Кај нас исто така во деновите кои се пред нас, особено од ноќта вторник кон среда ќе има повремени локални врнежи од дожд. Голем влажен воздушен бран кај нас се очекува во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабоа кога насекаде ќе има врнежи од дожд, на повеќе места интензивни и локално проследени со појава на грмежи и со силен јужен ветер, а не се исклучува можноста овие процеси да бидат застапени во форма на невреме, кога е можна и појава дури и на град.

— реклама —

Во петок на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално над 80 км/час). Ветерот ќе продолжи и во деновите потоа и повремено ќе биде засилен на интензитет и од југозападен правец.

До недела локално кај нас ќе наврне позначително количество на воден талог (над 50 л/м2).

— реклама —

Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

— реклама —

Барем според моменталните анализи, појава на мраз и на поголемо заладување кај нас не се очекува во првата половина од месец ноември, што значи и покрај врнежите продолжуваат пролетните температури, иако навлегуваме се подлабоко во есента“.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања