„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Попоски: Нема да не изненади сега во понеделник таканаречените „лидери“ и да предложат нов Талат Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
darko-poposki

Кога во државата во март месец имавме 29 заболени од корона вирусот се воведе полициски час. Два месеци подоцна со исто толкава бројка  инфицирани со Ковид 19 власта излезе со датум за брзи избори. Па наредниот ден се премисли зошто сфати дека не оди заедно продолжување на вонредна состојба и гласање па го помести датумот за една недела. И само се лицитира со датуми, па се прават симулации како ќе изгледало, ќе се купувале пенкала за сите граѓани, изборниот ден ќе траел подолго. Па ако немало избори ќе се враќала политичката влада. Па каде е овде разумот, запраша на дешната прес конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

— реклама —

Нема да не изненади сега во понеделник таканаречените „лидери“ и да предложат нов Талат Џафери. Како тргнале да се договараат сѐ може да се очекува.

— реклама —

Постојат сомнежи дека вонредната состојба се злоупотребува за носење на уредби кои не се во корист на граѓаните и стопанството, туку во полза на партијата на власт која ја користи кризата за поткупување на гласачи.

Предупредуваме дека сѐ што не е донесено со консензус, избрзано и без во прв план да биде интересот и здравјето на граѓаните ќе ја втурне Македонија во уште поголема криза.

Притоа сакаме да бидеме децидни дека кога и да се донесе одлука да се оди на избори, ГДУ е подготвено. Не се плашиме од избори туку подготвени сме да се бориме со аргументи против погрешните политики. Но притоа сме загрижени дека истите можат да бидат злоупотребени во вакви услови. Сметаме дека е потребна една посеопфатна анализа, а не само нафрлање на датуми и неразумни идеи.

Инсистираме и апелираме на разум пред понеделничката лидерска средба, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.

фото: ГДУ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања