Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Попоски: Повеќе од 3000 лица годишно умираат  како резултат на загадениот воздух, а министерот за животна средина Нуредини нема податоци дали се пишуваат казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Soopshtenie-05.11.2019

Здравјето на граѓаните треба да биде приоритет број еден на секоја Влада. Земјава руши светски рекорди во загадувањето, повеќе од 3000 лица годишно умираат  како резултат на загадениот воздух, а министерот за животна средина Нуредини нема податоци дали се пишуваат казни, каква е состојбата на терен, кој не труе, а немал ниту време да одговори на

— реклама —

новинарските прашања и да и каже на јавноста што прави. Очигледно и него како и неговиот претходник Дураку, не го интересираат граѓаните, истакна портпаролот на ГДУ- Дарко Попоски.

— реклама —

Вчера видовме крајно дрско однесување од Нуредини, кое  е недозволиво за еден функционер. Оставка веднаш! Ако Нуредини сам не си замине, тогаш Заев веднаш да го разреши! Здравјето на граѓаните е поважно од  коалицијата!

— реклама —

Не поминуваат излитените фрази дека ова е комплексен проблем и дека треба време да се реши. Бетер сме од Индија. Барем таму нешто прават, а ние?  Хронично болните не ги добија ни маските кои им беа ветени, па за што друго да правиме муабет?

— реклама —

Во борбата против загадениот воздух потребен е сериозен пристап, а тоа е невозможно со министри кои се крајно дрски, кои немаат време да одговорат на прашања и бегаат од соочување со јавноста.

Итно се потребни мерки, а не препораки кои ги научивме напамет. Не ни треба ниту ветување како тоа за трамвајот, остаревме чекајќи го трамвајот! Сите го ветуваа и Пенов и Трифун Костовски, сега и  Шилегов, но никој не го реализираше. Ветувањата не го чистат воздухот, ниту пак почист воздух ќе имаме ако во Владата седат кадри кои немаат време да се

занимаваат со граѓаните и не знаат од што бил загаден воздухот, истакна Попоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања