Промени тема
Контакт

Попов: Герасимовски и СДС од фрустрација поради поразот кој им е близу, наместо со глувците во Центар, се занимаваат со лични напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library7kg0ju6o29b711Kz1Dx

Сергеј Попов реагираше на одговорот на СДСМ по прес-конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, обвинувајќи ја партијата дека наместо да одговори на проблемот со појавата на глодари во општината, се занимава со него лично.

Попов во објавата наведува дека, согласно Законот за Град Скопје, надлежноста за дератизација и дезинфекција е на Општина Центар, додека дезинсекцијата е во надлежност на Град Скопје.

„Факт е дека вашите сопартијци од СДСМ основните законски надлежности немаат капацитет да ги сработат, а не па да спроведат некои посериозни проекти“, напиша Попов.

— реклама —
— реклама —

Тој упати критики и за работењето на локалната власт во Центар, обвинувајќи ја за издавање одобренија за градба, поскапи паркинзи, лошата состојба на улиците и, како што наведува, финансиски скандали и сомнежи за криминал поврзани со општинските претпријатија.

— реклама —

Попов оцени дека СДСМ се соочува со пораз на следните локални избори и порача дека, според него, граѓаните се свесни за тоа.

Во објавата тој се осврна и на состојбата со чистењето на улиците, наведувајќи дека утринава машински се миел Песталоци од страна на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, со што повторно го отвори прашањето за надлежностите меѓу Општина Центар и Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-02-07-182010

Попов: Точно е дека пред 11 години направив грешка, бев осуден и целосно ги прифатив последиците

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Screenshot-2025-02-05-112319

Попов: Професорот во обид да добие визибилност кај студентите и младите се изрезили

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања