ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Попов: Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, a Арсовска дека лагите ќе треба да ги докажува на суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Popov-17.10

Како по правило секогаш кога Димитар Ковачевски е фатен во небрано со некој скандал за фирма на неговиот кум или неговата сопруга, тогаш Данела Арсовска му скокнува во помош со некоја лага и манипулација за дефокус на јавноста. Ете ова е резултатот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска. Ете тоа е коалицијата Тачела на делo, вели Сергеј Попов, советник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Но ако одбрале секој скандал за Ковачевски и владата да го дефокусираат со лага или манипулација, тогаш им препорачуваме да имаат средби на дневно ниво и да измислуваат лаги како на фабричка лента.

— реклама —

Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, корупцијата и неспособноста на оваа власт.

— реклама —

Арсовска пак треба да знае дека лагите ќе треба да ги докажува на суд. Доколку заканите беа вистинити Арсовска требало да ги достави до МВР или да поднесе пријава и институциите контролирани од нејзините партнери од Тачела коалицијата веднаш да реагираат. Впрочем, јавноста памети дека имаше еден таков случај на упатувани закани и опожарено возило пред нецела година, од кој Арсовска можела да се поучи како да постапи доколку навистина има закани.

Како ВМРО-ДПМНЕ сме загрижени за пресметливоста и психофизичката состојба на Арсовска, не заради неа самата, туку заради функцијата која ја извршува. Препорачуваме со големо внимание да се следи нејзината работа и со голема резерва да се земаат нејзините изјави, бидејќи покажа дека за кратко време може да каже голем број лаги со вешта глума“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања