Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Попов: Криминалците шетаат по улиците, а патриотите се во затворите, затоа ја започнуваме Македонската пролет до конечен пад на власта на Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Sergej-Popov-21.03

Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското име како треба да ги нарекуваме, а не онака како што некои други од власта се обидуваат да им наметнат некој назив, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС  на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов на протестот додаде:

— реклама —

Тоа не се терористи, тоа се патриоти кои се бореа за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија.

— реклама —

Ние младите имаме неколку пораки кои сакаме да ги упатиме до Зоран Заев.

Притворените патриоти за нас претставуваат модерни Гоце Делчев, Јане Сандански и модерни револуционери. Тие на нас младите ни оставиле аманет кој сите ние треба да го чуваме. Тоа е да си ја сакаме Република Македонија и да ги штитиме националните интереси на нашата единствена татковина.

— реклама —

Ние не се согласуваме со тоа по улици да шетаат криминалците, а затворите да бидат полни со патриоти кои не направиле ништо друго освен патриотски чин.

— реклама —

Нема да отстапиме, денеска ја започнуваме Македонската пролет. Не планираме да останеме, дома туку да останеме на улица се до конечен пад на оваа влада и за нас младите неважечка власт.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања