Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Попов: Стратегијата Македонија 2030 содржи шест столба со добро таргетирани политики кои се од клучно значење за државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarylbfik324k3ir2Dqn73C

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот и  претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во саботата во Кавадарци, истакна дека е донесена Стратегијата Македонија 2030 како важен документ за државата кој содржи шест столба со добро таргетирани политики кои одговараат на потребите на граѓаните.

— реклама —

“ВМРО-ДПМНЕ на своите конгреси не избира само претседател туку носи и многу важни документи како за партијата со тоа и за државата, и на овој Конгрес беше донесе таков своевиден документ односно стратегија каде ја гледаме државата во периодот што следи. Тој документ се базира на шест столба, под број еден, државната безбедност и како истата ја замислуваме, економската конкурентност, правната држава, демографија и семејните политики, евроинтеграцијата и шестиот столб е образованието. Овој е многу важен документ како за партијата така и за државата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  во овој период ја предводи Владата на Република Македонија  и мислам дека е многу важно на овој Конгрес кој го имавме во ова време да донесеме еден ваков програмски документ на партијата и на некој начин да ги прилагодиме или приспособиме нашите политики  на новото време во кое живееме“, рече Попов.

— реклама —

Претседателот на УМС Попов, истакна дека првиот стожер на стратегијата не случајно е државната безбедност, затоа што токму тоа е клучно за да постојат функционални институции отпорни на дигитални напади, со јасни протоколи за препознавање на дезинформации и спречување на истите.

— реклама —

„Кога зборуваме во нашата стратегија за безбедноста, не зборуваме само за силна Армија во однос на воена опрема, туку зборуваме како да имаме функционални и силни институции кои би биле отпорни пред се на дигитални напади, на сајбер напади и затоа ние во оваа наша стратегија многу зборуваме за национален модел на одбрана од овој тип на напади, формирање на национален центар за координиран одговор во делот на овие напади, создавање на институции кои ќе имаат јасни протоколи во делот на тоа како да се постапува при иден можен ваков напад од дигитален карактер и пред се како да се бориме кога зборуваме за безбедност против дезинформациите.Во оваа стратегија се предвидува дека Македонија до 2030 година треба да стане земја којашто би имале некој национален центар или национален план за да го препознаваме ова ширење на дезинформации и имаме начин ако против истото да се бориме“, вели Попов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања