Промени тема
Контакт

Попов: ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани во ребалансот од над 50 милиони денари за проекти за младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Popov-11.06

Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани во Предлог Ребаланс на Буџетот во Собранието на Република Македонија за обезбедување на средства од буџетот во висина од 25,6 милиони денари за изработка на проектната документација на проектот „Студентски град“ и дополнителни 25,6 милиони денари за започнување на мерката субвенциониран средношколски оброк, вели Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ

„Тука од пред штабот на СДСМ ги повикувам СДММ да извршат притисок врз пратеничката група на СДСМ и да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи гледаме во последниот период како поддржуваат слични вакви иницијативи.

— реклама —
— реклама —

Ви подаваме рака да ги надминете дневно-политичките пресметки после 5 години конечно да почнете со исполнување на ова ветување.

— реклама —

Покажете дека искрено се залагате за подигнување на студентскиот стандард и сте лојални на младите, а не на партиските наредби“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања