Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Попова до директорката: Средното училиште Орце Николов е паднато со квалитет до таа мера што нема заинтересираност за упис на нови ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maxresdefault

Советничкатата од ВМРО-ДПМНЕ во Совет Град Скопје, Ирена Попова на денешната седница за советнички прашања укажа како средното училиште „Панче Караѓозов“ спровело јавна набавка за превоз на ученици од Куманово до Скопје по дневна цена за повратен билет за еден ученик од 530 денари, иако реалната цена на пазарот е 300 денари, со што е оштетен буџетот на државата.

— реклама —

Попова истакна дека за оваа јавна набавка важно е и да се напомене дека била со само еден понудувач.

— реклама —

- Ја прашувам директорката дали направила истражување на пазарот за да види која е реалната цена, дали знае колку е цена на повратен билет Скопје-Куманово? Од тоа што јас истражував тој чини 300 денари. Што значи дека склучен е договор кој е поскап од реалната вредност. Зошто е склучен овој договор, бидејќи оваа понуда е прескапа и не е соодведна на цената на пазарот и зошто е свесно оштетен буџетот? – прашува Попова.

— реклама —

Попова исто така ја запраша и директортката на училиштето „Браќа Миладиновци“ зошто немаат лице за јавни набавки и колку чини тоа што набавките ги води консултантска куќа и како истата е избрана.

— реклама —

- Трето прашање е до директорот на средното училиште “Орце Николов“, гимназија која беше издвоена порано како една од најдобрите, но во учебната 2021/22 се доведе до ситуација да не се исполнат сите места, а порано се бараше место повеќе. Ова не се случило дваесетина години, дали директорот направил анализа на што се должи ова за да се намали интересот за упис во оваа гимназија? – запраша Попова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања