Попова до Шилегов: Доста позираш, кривично треба да одговараш што го труеш Скопје со дивата депонија Вардариште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
smet

Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, Шилегов го труе градот со смет, кој градот го фрла на дивата депонија зад мене. Овде смет оставаат возилата на градската комунална хигиена, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

— реклама —

Значи наместо да се грижи за сметот, градот Скопје прави смет.

— реклама —

Фотографиите кои ги објавивме во текот на вчерашниот ден, а и во секојдневието, покажуваат дека оваа дива депонија е преполна со луѓе кои собираат железо и друг отпаден материјал, а и присуство на мали дечиња, што преставува потресна глетка и тажна реалност за градот Скопје.

— реклама —

Шилегов создава еколошка бомба со фрлањето смет на дивата депонија со која го загрозува здравјето на илјадници Скопјани.

Поважен му е пи-арот од решавањето на проблемите.

Шилегов сака да се молчи за овој проблем и вистинските проблеми ги става под тепих.

Но тој е должен да одговори како дозволил возила на комунална хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија.

Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии. Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите.

Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава?

Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања