Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Попова Шапка најстудена утрово со -3 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
3-1

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спуштила до -3 степени, а снежната покривка достигнува 57 сантиметри.

— реклама —

Под нулата било и во Лазарополе со -2 степени и во Маврови Анови со -1, додека нула степени се измерени во Крива Паланка. Во Берово и Крушево се измерени 1 степен, 2 степени во Претор, а 3 степени во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница.

— реклама —

Температура од 4 степени е измерена во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 степени во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес, додека најтопло утрово е во Гевгелија со 8 степени.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.

— реклама —

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за повремен слаб дожд во делови од котлината во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 15 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Македонија | пред 2 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 1 седмица

media-library461tvpu1ea3297yRpFw

Претежно облачно со дожд, утринските температури од 6 до 11 степени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања