Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Попова: Шилегов да одговори, дали зад продажбата на градската куќа по багателна цена се кријат провизии и однапред се знае купувачот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зад скандалот со продажбата на градската куќа од страна на Шилегов стои сомнеж за криминал, криминални интереси и провизии.  Неговите тврдења со кој тој ја штити криминалната бонбона бизнис се лажни, небулозни, плитки и површни. Ако Градската куќа  како што вели Шилегов е на несоодветен простор, тогаш зошто тој како градоначалник вложи 3 милиони евра за нејзино финализирање, инвестирајќи во проект кој за него е промашен, освен ако не сака да почасти некој купувач со ваков капитален објект за Скопје, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

Дали со ваквите критики тој свесно не сака да ја спушти цената за зградата која сега ја продава под нејзината реална вредност.  Дали обвинувањата на Шилегов дека Градската куќа е претесна, не е само поради фактот дека на последните две седници на советот далеку од очите на јавноста протурка 423 партиски вработувања, во Водовод, ЈСП, од кои 186 вработувања на партиски војници директно во администрацијата на Град Скопје?

— реклама —

Крими Шилегов треба да одговори на неколку основни прашања: Зошто новата Градска куќа ја продава по цена далеку од нејзината вредност, и зошто новиот купувач го части со гратис комуналии, и бесплатно државно земјиште кои Градот Скопје ги обезбеди за оваа зграда?

— реклама —

Дали однапред се знае кој ќе ја купи Градската куќа, и дали во прашање се провизии кои ќе легнат на нечија сметка за ваквиот бонбона бизнис?

— реклама —

Дали е точно дека Шилегов таксал зграда стара неколку децении која се наоѓа пред Градскиот трговски центар, во замена на новата изградена Градска куќа?

Две години крадоначалнил Шилегов, две години лаги, криминал и неработа, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања