Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Попова: Шилегов да си поднесе оставка, недозволиво е што со градско претпријатие управувало лице фатено со кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Popova

Шилегов трет ден молчи во врска со скандалот во кој лице кое тој го именувал за директор на ЈП е фатен со две кесички кокаин. Шилегов не излезе ниту да се извини на скопјани затоа што на една од најклучните позиции во градот поставил лице кое е фатено со кокаин, истакна Ирена Попова, советник во Град Скопје.

Шилегов не собра храброст ниту за тоа, а не успеа да смогне сили и да си поднесе оставка.

— реклама —

Шилегов мора да сноси одговорност затоа што од него именувани лица се во средиште на скандал со наркотици.

— реклама —

Недозволиво е луѓе кои што се под сомнение дека се конзументи на дрога да вршат јавни функции. Шилегов треба да сноси одговорност затоа што тој ги поставил.

— реклама —

Скопјани имаат право да се сомневаат дека во изминативе три години со градот управуваат лица корисници на кокаин, и дека заради тоа градот е таков каков што е. Полн со ѓубре, дупки по булеварите, диви депонии насекаде.

Очигледно е дека Шилегов и неговите директори во изминативе три години биле посветени на се, само на Скопје не.

Скопје не смее да биде заложник на Шилегов и од него поставените директори корисници на кокаин.

Скопје заслужува подобро. Господине Шилегов смогнете сила и направете го најдобриот чекор во вашата кариера - поднесете си оставка, Скопје го заслужува тоа, истакна Попова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања